Добредојдовте на веб страницата на

„ЈП Плаваја“ - Радовиш

ЗА НАС АКТИВНОСТИ ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА

ВАЖНИ ПРЕПОРАКИ

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ, ПОЧИТУВАНИ КОРИСНИЦИ.

Следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот согласно информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ:

1. Сите Ваши потреби со службите на ЈП„Плаваја“ да ги извршувате преку телефон или со електронски пораки (email).

2. Плаќањето да го Вршите преку електронската наплата овде на веб страницата во делот „Е-услуги“ или електронските банкарства на Вашите банки. Сите наплатни пунктови се во функција и во крајна потреба можете да ги користите и нив или некој од Вашите досегашни начини на наплата.

3. За сите проблеми да ги контактирате Раководителите во ЈП„Плаваја“ по телефон и тоа:

Проблеми со водоводни и канализациони инсталации (дефекти, запушувања, истекувања, нови приклучоци и слично): ГОЦЕ ДЕДИНЕЦ - 071 396 001

Проблеми од правна природа (извршувања, тужби, опомени и слично): МАРИЈА ВАЛАКОВА - 071 396 020

Проблеми поврзани со сметките кои ги добивате од ЈП„Плаваја“ (корекции, грешки, одјавувања и слично): СТРАХИЛ ГАВРИТОВ - 071 396 003

Раководителите ќе одговорат на Вашите прашања и проблеми и ќе Ве упатат во понатамошните постапки.

ФИКСЕН ТЕЛЕФОН ПОРТИРНИЦА: 032 635 323

Отворени електронски пошти: info@plavaja.com.mk или plavaja.radovis@gmail.com

Исто така Ве известуваме дека Читачите на водомери (Инкасаторите) нема да вршат читање на Вашите водомери кои се наоѓаат во Вашите домови туку само на водомери кои се наоѓаат во шахта надвор од Вашите домови. Доколку сакате да добиете сметка со точна состојба на водомерите, истата можете да ja пријавите на Читачите на водомери телефонски на броевите кои се објавени на веб страната во делот „Пријави состојба на водомер“.

СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА НАШИТЕ ПРЕПОРАКИ ЌЕ ГИ ПОЧИТУВАТЕ.

БЛАГОДАРИМЕ ЗА РАЗБИРАЊЕТО!

 

 

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА СМЕТКИ

Систем за преглед и плаќање на Вашите сметки преку интернет.

Информации за мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус)

  • Линк до сите мерки и препораки за заштита и превенција од КОВИД-19 на Владата на РСМ
  • ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ

    Овде се објавуваат последните информации за евентуални прекини на водоснабдувањето на одредени улици, населени места или реони. ВИ НАПОМЕНУВАМЕ ДЕКА ИНФОРМАЦИИТЕ ОВДЕ СЕ ОБЈАВУВААТ СО ЗАДОЦНУВАЊЕ. ПОСЛЕДНИТЕ И НАЈСВЕЖИ ИНФОРМАЦИИ СЕ ОБЈАВУВААТ НА ФЕЈСБУК СТРАНАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО!

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСНИЦИТЕ ОД ВОИСЛАВЦИ И СУЛДУРЦИ:

    И ДЕНЕС СРЕДА 21 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ СО ЗАМЕНА НА МЕРНО РЕГУЛАЦИОНА ОПРЕМА ВО ГЛАВНИТЕ ШАХТИ КОН ОВИЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА. ЗА НОРМАЛНА РАБОТА ПОТРЕБНО Е ЦЕЛОСНО ЗАПИРАЊЕ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО. НАВЕДЕНИТЕ РЕОНИ ЌЕ ИМААТ ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ОД 9.00 ЧАСОТ ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ.

    БЛАГОДАРИМЕ ЗА РАЗБИРАЊЕТО!

                 

     

    ЈП„ПЛАВАЈА“ започнува со продажба на канти за смет

    Почитувани корисници,

    Како придонес за поурбан изглед на нашиот град, а воедно и како мерка за заштита на животната средина ЈП„Плаваја“ Радовиш со поддршка од Градоначалникот и Советот на општина Радовиш започнува со продажба на пластични катни за смет (со капацитет од 120литри, со капак и тркалца) по цена од 1000 денари со ДДВ кои ќе можат да се платат преку сметката за комунални услуги на 6(шест) месечни рати. Кантите за смет се продаваат по поднесување на барање на шалтерот во управната зграда на ЈП„Плаваја“ на улица „Св.Спасо Радовишки“ бр:32. Оваа поволност може да ја искористат само корисниците физички лица кои имаат најмногу 6(шест) неплатени сметки назад од тековниот месец кога се поднесува барањето.

    За сите корисници физички лица кои ќе склучат договор за селектрирање на отпадот ЈП„Плаваја“ нуди поволност плус, односно можат да купат 2(две) канти за смет по цена од 1800 денари со ДДВ поделени во месечните сметки на 12 рати. Исто така и оваа поволност може да ја искористат корисниците физички лица кои имаат најмногу 6(шест) неплатени сметки назад од тековниот месец кога се поднесува барањето и се склучува договорот.

    За корисниците правни лица кои сакаат да набават канта за смет постои обврска за набавка на две канти (една за комунален цврст отпад и една за селектиран отпад) по цена од 1800 денари со ДДВ кои ќе се плаќаат со издавање на фактура.

    Правните лица имаат можност да набават и контејнери со волумен од 1,1м3 по цена од 12500 денари до ДДВ кои ќе се плаќаат исто така со издавање на фактура.

    Оваа поволност ќе важи до потрошување на количините набавени преку јавна набавка бр:0507-717/4 од 11.09.2018 година. ЈП„Плаваја“ водејќи се од бројот на заинтересирани корисници физички лица кои ќе склучат договор за селектирање на отпадот дополнително ќе состави и објави распоред кога ќе се врши собирање на секој вид на отпад.

    На линкот подолу може да ја прочитате Одлуката на Управниот одбор.

    Одлука на Управен одбор на ЈП„Плаваја“ за распределба на канти за смет и метални контејнери на правни и физички лица

    14 МАЈ 2020 ГОДИНА, ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ:

    ОДЛУКА ЗА ОТПИС НА ПОБАРУВАЊА ПО ОДНОС НА НАПЛАТА НА ЗАТЕЗНА И КАЗНЕНА КАМАТА И РЕПРОГРАМИРАЊЕ НА ГЛАВЕН ДОЛГ

    Почитувани корисници,

    ЈП„Плаваја“ Радовиш донесе Одлука за отпис на побарувања по однос на наплата на затезна камата, односно казнена камата по главен долг и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни предмети и трансферирани/пренесени кај нотарите и извршителите согласно со Законот за извршување, заклучно со 31 Декември 2011 година , како и предметите кои се дадени на извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31 Декември 2017 година.

    На линкот подолу може да ја прочитате Одлуката во целост.

    Со истата Одлука се врши и репрограмирање на главниот долг и трошоци во постапките.

    Одлука на Управен одбор на ЈП„Плаваја“ за отпис на побарувања по однос на наплата на затезна и казнена камата.

    МИСИЈА

    ЈП „Плаваја“ Радовиш има мисија да обезбеди квалитетно, навремено и континуирано извршување на доделените комунални дејности, со целосно задоволување на потребите на граѓаните на општина Радовиш.


    За да ја оствари својата мисија во целост, претпријатието, односно сите вработени:
    • Постојано ги следат барањата, мислењата, потребите и желбите на корисниците.
    • Навремено, ефикасно и квалитетно се трудат да ги завршат на појавените дефекти на инсталациите и одговараат на барањата на корисниците со цел постојано опслужување со потребните комунални услуги.


    Историја

    ЈП „Плаваја“ Радовиш е формирана со Одлука на Советот на општина Радовиш во Февруари 2008 година со спојување на дотогашните јавни претпријатија ЈП„Прогрес“ Радовиш и ЈП„Плаваја“ с.Подареш. ЈП„Прогрес“ Радовиш било основано во 1965 година, а ЈП„Плаваја„ с.Подареш било основано во 1996 година.
    Основна дејност на претпријатието е да извршува комунални услуги за потребите на граѓаните на општина Радовиш.



    СТРУКТУРА

    Со ЈП„Плаваја“ Радовиш управува Управен Одбор кој е избран од Советот на општина Радовиш.
    Претпријатието го раководи Директор кој се избира на јавен оглас од страна на Градоначалникот на општина Радовиш.


    Во претпријатието постојат следните сектори:

    • Сектор за општи, правни работи и човечки ресурси
    • Раководител: МАРИЈА ВАЛАКОВА

      телефон: 071 396 020, email: info@plavaja.com.mk

    • Сектор за финансии, сметководство и комерција
    • Раководител: РИСТЕ ПРАНГОВСКИ

      телефон: 072 314 795, email: info@plavaja.com.mk

    • Сектор за контрола на корисници
    • Раководител: СТРАХИЛ ГАВРИТОВ

      телефон: 071 396 003, email: info@plavaja.com.mk

    • Сектор за инвестиции
    • Раководител: ДРАГИ МИЛЕНКОВ

      телефон: 071 245 599, email: info@plavaja.com.mk

    • Сектор за водовод и канализација
    • Раководител: ГОЦЕ ДЕДИНЕЦ

      телефон: 071 396 001, email: info@plavaja.com.mk

    • Сектор за комунална хигиена, гробишта и зеленило
    • Работоводител: БРАНКО ТРАЈКОВ

      телефон: 071 396 024, email: info@plavaja.com.mk

    • Сектор за технички работи
    • Раководител: МИТЕ КОЦЕВ

      телефон: 071 396 002, email: info@plavaja.com.mk

    • Сектор за прочистување на урбани отпадни води
    • Раководител: ДРАГИ МИЛЕНКОВ

      телефон: 071 245 599, email: info@plavaja.com.mk

    Активности

    • 19.04.2020 ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА.
    • 28.12.2019 СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ НОВИ КОЛИЧИНИ НА ВОДА ЗА ГРАЃАНИТЕ
    • 23.09.2019 ИНФОРМАЦИЈА ДО ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА:
    • 23.09.2019 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КАБАСТИОТ ОТПАД:
    • 23.08.2019 ЗАПОЧНУВА СОБИРАЊЕТО НА ОТПАД ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ВО РАДОВИШ
    • 08.08.2019 ЗАПОЧНУВААТ ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ
    • 03.07.2019 Потпишан договорот со најповолниот понудувач по спроведена постапка за меѓународниот тендер WC-RAD-01
    • 09.04.2019 ПОСТАВЕНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА СТАКЛЕН ОТПАД
    • 27.03.2019 АСФАЛТИРАН ПРИСТАПНИОТ ПАТ КОН ЈП„ПЛАВАЈА
    • 05.02.2019 ЈП„ПЛАВАЈА“ започнува со продажба на канти за смет
    • 04.01.2019 ЈП„ПЛАВАЈА“ набави нова механизација за чистење на снег
    • ЈП„Плаваја“ воведува услуга електронска сметка
    • 23.11.2018 ЈП„ПЛАВАЈА“ Радовиш набави машина за машинско метење
    • 21.11.2018 ЈП„ПЛАВАЈА“ Радовиш почна да ги добива новите контејнери
    • 08.11.2018 ЈП„ПЛАВАЈА“ СО НОВА КОМУНАЛНА ОПРЕМА
    • ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКАТА НАПЛАТА НА СМЕТКИ

    19.04.2020 ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА.

    ЈП"ПЛАВАЈА" Радовиш на сите православни христијани им го честита Велигден, со желби за здравје, благосостојба и милосрдие.

    Христовата победата над гревот и над смртта, по претрпеното распетие и славното воскресение, е најголемата победа на сите времиња. Таа е единствена и вечна, и постигната е еднаш и засекогаш!

    Затоа, само соединети во Христа, преку молитвата и преку светите Тајни, и со исполнувањето на Неговите заповеди, можеме да го победуваме гревот и да се здобиеме со спасение и вечен живот.

    ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

    28.12.2019 СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ НОВИ КОЛИЧИНИ НА ВОДА ЗА ГРАЃАНИТЕ

    Почитувани корисници,

    По донесената Одлука на Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов за спроведување на јавна набавка за "Изградба на нови водоводни линии и реконструкција на постоечки водоводни линии за кои ќе се обезбеди проектна документација – обезбедување на дополнителни количини за водоснабдување на Радовиш", денес Сабота 28 Декември 2019 година се започна со реализација на јавната набавка со која се предвидува бушење на два длабински бунари во непосредна близина на старата каптажа "Градски водовод" од кои се очекува да се добијат потребни количини на вода особоено во текот на летниот период за нормално водоснабдување на десната страна од градот и високите зони на "Ана Поцкова" и "Бел Камен", како и населените места Ињево, Воиславци и Сурдулци до објектите кои се во рамки на зоните на притисок.

    23.09.2019 ИНФОРМАЦИЈА ДО ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА:

    Почитувани,

    Ве информираме дека дека е потребно да си набавите соодветни садови за отпад кои одговараат на Вашата дејност со што ќе се стави ред во фрлањето на отпадот во и околу контејнерите во населените места.

    За отпадот од пакување (кутии и други видови на амбалажа) кој останува како отпад од Вашата дејност Ве потсетуваме дека треба да си склучите договор со овластена компанија чија дејност е собирање и транспортирање на таков вид на отпад.

    23.09.2019 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КАБАСТИОТ ОТПАД:

    Почитувани корисници,

    Доколку имате потреба од исфрлање на кабаст отпад од Вашите домови (стар мебел, врати, стари прозорци, гранки, кутии со разни видови неоргански отпад и слично). Ве замолуваме да не го оставате околу контејнерите, бидејќи така само ја нагрдувате урбаната слика, а возилото за подигање на отпад од контејнери не може да го собере и транспортира таквиот отпад.

    ЗА ТАА ЦЕЛ ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ДА СЕ ЈАВИТЕ НА СЛЕДНИТЕ ТЕЛЕФОНИ И ДА НАЈАВИТЕ ДЕКА ИМАТЕ КАБАСТ ОТПАД И ЌЕ ДОЈДЕ ПОСЕБНО ВОЗИЛО ДА ГО СОБЕРЕ ОТПАДОТ.

    032-635-323 или 071-396-008.

    СОБИРАЊЕТО НА ОТПАДОТ Е НАЈДОБРО ДА ГО НАЈАВИТЕ ПРЕТХОДНО ЗА ДА ДА СЕ ДОГОВОРИ ТЕРМИН И ДА СЕ ИЗБЕГНАТ ЕВЕНТУАЛНИ НЕДОРАЗБИРАЊА.

    Подигањето и траспортирањето на кабастиот отпад ќе се прави во работни денови од Понеделник до Петок од 08.00 до 14.00 часот.

    23.08.2019 ЗАПОЧНУВА СОБИРАЊЕТО НА ОТПАД ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ВО РАДОВИШ

    Почитувани корисници,

    Денес Петок 23 Август 2019 година ЈП"Плаваја" за прв пат започнува со организирано собирање на отпад надвор од подрачјето на градот Радовиш. Прво населено место каде што започнува организираното собирање на отпад е Ињево.

    Апелираме до сите корисници од Ињево да ги користат поставените контејнери низ населеното место и да си набават соодветни садови за собирање на отпад.

    08.08.2019 ЗАПОЧНУВААТ ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ

    Почитувани,

    Со задоволство Ве информираме дека денес 08 Август 2019 година започнаа подготвителните активности за еден од најголемите инфраструктурни проекти во областа на водоснабдувањето во последните дваесет години. Со проектот како што веќе знаете се планира да се изградат:

    - НОВ ЦЕВКОВОД ОД РЕЗЕРВОАРОТ ВО КОЏА БАИР ДО НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА

    - НОВ ЦЕВКОВОД ОД РАКЛИШ ДО НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА

    - НОВ ЦЕВКОВОД ОД НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА ДО ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА

    - НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА V = 600 m3

    - ПОТИСЕН ЦЕВКОВОД ОД ПУМПНА СТАНИЦА „КУКЛЕВИЦА“ ДО СПОЈНА ШАХТА РАКЛИШ

    - НАБАВКА И ТРАНСПОРТ, ИНАСТАЛАЦИЈА И ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА МЕРНО РЕГУЛАТОРНА ОПРЕМA

    Ефектите од овие градби ќе се почуствуваат од жителите на населбата Куклевица и високите зони во сите населени места кои се напојуваат од водоводниот систем на градот Радовиш.

    03.07.2019 Потпишан договорот со најповолниот понудувач по спроведена постапка за меѓународниот тендер WC-RAD-01

    Почитувани корисници

    Денес 03 Јули 2019 година во просториите на ЈП„Плајава“ Радовиш се потпиша договорот со најповолниот понудувач по спроведена постапка за меѓународниот тендер WC-RAD-01 финансиран со кредит од германската KfW Банка каде гарант е Советот на општина Радовиш и поддршка на Градоначалникот Герасим Конзулов. Договорот го потпишаа Директрот на ЈП„Плаваја“ Радовиш Дејан Крстев и Никола Пандев - Менаџер на „Жикол“ од Струмица. Со потпишувањето на овој Договор во текот на идната недела се очекува и официјалното започнување на работите предвидени во него:

    - НОВ ЦЕВКОВОД ОД РЕЗЕРВОАРОТ ВО КОЏА БАИР ДО НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА

    - НОВ ЦЕВКОВОД ОД РАКЛИШ ДО НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА

    - НОВ ЦЕВКОВОД ОД НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА ДО ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА

    - НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА V = 600 M3

    - ПОТИСЕН ЦЕВКОВОД ОД ПУМПНА СТАНИЦА „КУКЛЕВИЦА“ ДО СПОЈНА ШАХТА РАКЛИШ

    - НАБАВКА И ТРАНСПОРТ, ИНАСТАЛАЦИЈА И ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА МЕРНО РЕГУЛАТОРНА ОПРЕМA

    Со завршување на овие градежни работи ќе се стави крај на недостатоците на вода особено во високата зона на левата страна од градот Радовиш и нормализација на водоснабдувањето во целиот водоснабдителен систем кој покрај Радовиш ги снабдува со вода и Ињево, Воиславци, Сулдурци и Раклиш.

    <

    09.04.2019 ПОСТАВЕНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА СТАКЛЕН ОТПАД

    Почитувани корисници, ЈП„Плаваја“ Радовиш во соработка со Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов и Советот на општина Радовиш како дел од кампањата за здрава и чиста животна средина, од компанијата „ПАКОМАК“ обезбедија донација на специјални контејнери за селекција на стаклен отпад. Од денес ќе можете и Вие како корисници да земете активно учесто во зачувувањето на животната средина и унапредување на урбаниот изглед на градот со тоа што ќе го селектрирате стаклениот отпад и ќе го депонирате во специјалните контејнери. За почеток се поставени 5 специјални контејнери за примарна селекција на стаклен отпад. Контејнерите се поставени на следните локации: 1. Пред „Стоковна куќа“ 2. Кај „Парк на младите“ 3. На улица „Плачковица“ во непосредна близина на маркетот на “Маком Треф“ 4. Кај детската градинка „Цветови“ (кружен тек на улиците „Александар Македонски“ и “Илија Алексов“) и 5. Спроти „Кам маркет“.

    ВЕ ПОВИКУВАМЕ ДА ДАДЕТЕ СВОЈ ПРИДОНЕС СО СЕЛЕКЦИЈА НА СТАКЛЕНИОТ ОТПАД И НЕГОВО ДЕПОНИРАЊЕ ВО СПЕЦИЈАЛНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ.

    27.03.2019 АСФАЛТИРАН ПРИСТАПНИОТ ПАТ КОН ЈП„ПЛАВАЈА“.

    Како дел од пролетната акција за асфалтирање која се спроведува од страна на општина Радовиш, на предлог на Градоначалникот Герасим Конзулов после повеќе од дваесетина години се асфалтираше и пристпниот пат до стопанскиот двор и управната зграда на ЈП„Плаваја’“ Радовиш со што се целиот простор добива современ урбан изглед.

    05.02.2019 ЈП„ПЛАВАЈА“ започнува со продажба на канти за смет

    Почитувани корисници,

    Како придонес за поурбан изглед на нашиот град, а воедно и како мерка за заштита на животната средина ЈП„Плаваја“ Радовиш со поддршка од Градоначалникот и Советот на општина Радовиш започнува со продажба на пластични катни за смет (со капацитет од 120литри, со капак и тркалца) по цена од 1000 денари со ДДВ кои ќе можат да се платат преку сметката за комунални услуги на 6(шест) месечни рати. Кантите за смет се продаваат по поднесување на барање на шалтерот во управната зграда на ЈП„Плаваја“ на улица „Св.Спасо Радовишки“ бр:32. Оваа поволност може да ја искористат само корисниците физички лица кои имаат најмногу 6(шест) неплатени сметки назад од тековниот месец кога се поднесува барањето.

    За сите корисници физички лица кои ќе склучат договор за селектрирање на отпадот ЈП„Плаваја“ нуди поволност плус, односно можат да купат 2(две) канти за смет по цена од 1800 денари со ДДВ поделени во месечните сметки на 12 рати. Исто така и оваа поволност може да ја искористат корисниците физички лица кои имаат најмногу 6(шест) неплатени сметки назад од тековниот месец кога се поднесува барањето и се склучува договорот.

    За корисниците правни лица кои сакаат да набават канта за смет постои обврска за набавка на две канти (една за комунален цврст отпад и една за селектиран отпад) по цена од 1800 денари со ДДВ кои ќе се плаќаат со издавање на фактура.

    Правните лица имаат можност да набават и контејнери со волумен од 1,1м3 по цена од 12500 денари до ДДВ кои ќе се плаќаат исто така со издавање на фактура.

    Оваа поволност ќе важи до потрошување на количините набавени преку јавна набавка бр:0507-717/4 од 11.09.2018 година. ЈП„Плаваја“ водејќи се од бројот на заинтересирани корисници физички лица кои ќе склучат договор за селектирање на отпадот дополнително ќе состави и објави распоред кога ќе се врши собирање на секој вид на отпад.

    На линкот подолу може да ја прочитате Одлуката на Управниот одбор.

    Одлука на Управен одбор на ЈП„Плаваја“ за распределба на канти за смет и метални контејнери на правни и физички лица

    04.01.2019 ЈП„ПЛАВАЈА“ набави нова механизација за чистење на снег

    Почитувани жители на општина Радовиш,

    Со првиот снег стигна и новата механизација за чистење на улиците и локалните патишта од снежни наноси и посипување на сол и ризла за спречување на поледици.

    Набавката на ваква нова механизација за потребите на претпријатието се случува за прв пат од основањето на претпријатието и е извршена со сопствени средства на претпријатето преку јавна набавка.

    Механизацијата пристигна во попладневните часови и веќе е на терен низ улиците на градот каде ефектите од нејзината примена се евидентни. ЈП„Плаваја“ ќе продолжи како и до сега посветено да работи на унапредување на сите комунални услуги на општинско ниво за кои е формирана како јавно претпријатие.

    ЈП„Плаваја“ воведува услуга електронска сметка

    Почитувани корисници,

    Започнувајќи од сметките за месец 12/2018 година ЈП„Плаваја“ како мерка за заштита на животната средина ќе започне со дистрибуција на Вашите сметки и по електронска пошта (email).

    За таа цел потребно е да се пријавите со пополнување на контакт формата дадена во линкот подолу во која треба да ги внесете Вашите основни податоци, а во делот насловен порака да ја внесете електронската пошта (email) на која сакате да ги добивате сметките и Вашата шифра на корисник.

    Сите што ќе се пријават за електронска сметка, нема да добиваат сметка во хартија. Можноста да добиете сметка во хартиена форма за сите регистрирани корисници за електронска сметка ќе постои само со барање во просториите на претпријатието на улица „Свети Спасо Радовишки“ бр:32.

    Линк до контакт форма за пријава за услуга електронска сметка

    23.11.2018 ЈП„ПЛАВАЈА“ Радовиш набави машина за машинско метење

    Почитувани граѓани,

    За зголемување на хигиената низ нашите улици ЈП"Плаваја" со донација од општина Радовиш набави нова современа машина за машинско метење на урбаните површини. Денес се вршеше пробна употреба и обука за сите функционалности на машината. Со машинското метење очекуваме дека ќе се зголеми ефикасноста при метењето и опфатените површини кои ќе се метат, со што градот ќе добие почисти улици и поубав хигено урбан изглед. Веќе од Понеделник машината за машинско метење ќе ја започне својата редовна работа на задоволство на сите граѓани на Радовиш.

    21.11.2018 ЈП„ПЛАВАЈА“ Радовиш почна да ги добива новите контејнери

    Почитувани граѓани,

    Како што претходно Директорот на ЈП„Плаваја“ Дејан Крстев ги информираше медиумите и граѓаните дека претпријатието со сопствени средства, после многу години неактивност во комуналната хигиена, изврши набавка и на нова комунална опрема: 10 пластични, 80 метални контејнери и 1000 канти за отпад со волумен од 120 литри со што значително ќе се подобри хигиената во градот и населените места. Денес со големо задоволство Ве информираме дека почнаа да пристигнуваат првите контејнери. Во следниот период се очекува да пристигнат сите нарачани контејнери кои ќе бидат распоредени на повеќе локации во градот. Во претстојниот период во договор со Градоначалникот на општината Герасим Конзулов и во координација со месните заедници претпријатието планира да распореди контејнери и во населените места со што ќе се заштити животната средина од неконтролирано фрлање на ѓубре на диви депонии. Се надеваме дека со нашите планови ќе придонесеме за подигање на свеста кај сите граѓани во нашата општина да ја чуваме животната средина, бидејќи здравата и чиста животна среднина во нашата општина е инвестиција за идните генерации.

    08.11.2018 ЈП„ПЛАВАЈА“ СО НОВА КОМУНАЛНА ОПРЕМА

    Почитувани корисници,

    Денес од страна на Градоначалникот на општина Радовиш се изврши свечено примопредавање на нова градежна машина - универзален ровокопач утоварувач, набавена на предлог на Градоначалникот Герасим Конзулов, а со поддршка од Советот на општина Радовиш. Градоначалникот ја најави и донацијата од општината за ЈП„Плаваја“ на ново специјално возило за чистење на улиците и тротоарите. За време на чинот на примопредавање беше претставено и специјалното комунално возило за собирање на смет донација од рудникот „Бучим“ за ЈП„Плаваја“. Директорот на ЈП„Плаваја“ Дејан Крстев во оваа пригода го претстави новото погребално возило кое претпријатието го набави од сопствени средства, со набавката на ова возило завршува употребата на погребалното возило марка „Волга“ кое беше во функција до сега, а произведено во далечната 1977 година. Директорот на ЈП„Плаваја“ Дејан Крстев ги информираше медиумите дека претпријатието исто така од сопствени средства, после многу години неактивност на претпријатието во комуналната хигиена, изврши набавка и на нова комунална опрема: 10 пластични, 80 метални контејнери и 1000 канти за отпад со волумен од 120 литри со што значително ќе се подобри хигиената во градот и населените места. Денес од Директорот беше најавено дека во следниот период ЈП„Плаваја“ ќе започне со кампања и проект за селектирање на отпад за што се обезбедени и посебни канти за таа намена.

    Повеќе за ова можете да прочитате на овој линк

    ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКАТА НАПЛАТА НА СМЕТКИ

    Почитувани корисници на услугата електронска наплата на сметки, за најава во системот валидна е Вашата лозинка доколку сте ја промениле автоматски генерираната лозинка, доколку не сте извршиле персонализација, односно промена на Вашата автоматски генерирана лозинка, тогаш за најава во системот во месец Ноември 2020 година валидна е лозинката која е испечатена на сметката за месец Октомври 2020 година и така соодветно секој месец додека не се промени лозинката со Ваша лична лозинка.

    СМЕТКИТЕ ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ СЕ ПОДГОТВЕНИ И ИСПЕЧАТЕНИ И ОЧЕКУВАЈТЕ ЈА НИВНАТА ДОСТАВА ДО ВАШИТЕ ДОМОВИ.

    Kорисниците од Ораовица и Калуѓерица ќе можат да се најавуваат со лозиниките од сметкитe за месец Септември 2020 година до 20 Ноември 2020 година

    Уште еднаш Ви препорачуваме при првата најава на веб страницата, за услугата електронска наплата на сметки, ВЕДНАШ извршете промена на автоматски генерираната лозинка со Ваша лична лозинка за да можете да се најавувате во секое време!

    Дејности

    ВОДОВОД, КАНАЛИЗАЦИЈА И ПРОЧИСТУВАЊЕ НА УРБАНИ ОТПАДНИ ВОДИ


  • Обезбедување и снабдување со чиста и здрава вода за пиење.
  • Редовно одржување на водоводниот и канализациониот систем.
  • Навремено отстранување на настанатите дефекти.
  • Надградба и реконструкција на водоводниот и канализациониот систем.
  • Прочистување на отпадните води во прочистителна станица.
  • КОМУНАЛНА ХИГИЕНА



  • Подигање на комуналниот отпад и негово транспортирање до депонија по претходно утврден распоред.
  • Одржување на градската чистота според програмата за Јавна чистота донесена од Советот на општината.
  • ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО



  • Одржување на постоечките и изградба на нови зелени површини според програмата за Паркови и зеленило донесена од Советот на општината.
  • ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ



  • Одржување на гробиштата кои се доделени на ЈП„Плаваја“.
  • Вршење на погребални услуги.
  • Информации и извештаи

    Одлука за информации од јавен карактер

    линк за преземање

    Ценовник на цени на услугите на ЈП„Плаваја“

    линк за преземање

    Финансов извештај за квартал I 2018 година

    линк за преземање

    Финансов извештај за квартал II 2018 година

    линк за преземање

    Финансов извештај за квартал III 2018 година

    линк за преземање

    Финансов извештај за 2018 година

    линк за преземање

    Завршна сметка за 2018 година

    линк за преземање

    ПЛАН ЗА ПОДИГАЊЕ НА СМЕТ И ЧИСТЕЊЕ НА УЛИЦИ

    линк за преземање

    ДОГОВОР ЗА НИВО НА УСЛУГИ

    линк за преземање

    Финансов извештај за квартал I 2019 година

    линк за преземање

    ОРГАНОГРАМ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

    линк за преземање

    Финансов извештај за квартал II 2019 година

    линк за преземање
    ОДЛУКА ЗА ВИСИНА НА ЦЕНИ НА УСЛУГИТЕ за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад на подрачјето на општина Радовиш
    линк за преземање
    Оглас за вработување 1-2019
    линк за преземање

    Финансов извештај за квартал III 2019 година

    линк за преземање

    Годишен извештај за пристап до информации до јавен карактер за 2019 година

    линк за преземање

    Финансов извештај за 2019 година

    линк за преземање

    Завршна сметка за 2019 година

    линк за преземање

    Одлука за отпис на затезна и казнена камата и репрограмирање на долгови

    линк за преземање

    Финансов извештај за квартал I 2020 година

    линк за преземање

    Финансов извештај за квартал II 2020 година

    линк за преземање

    ЈАВНИ НАБАВКИ

    Проекти и активности

    Тарифи на водни услуги

    Пријави состојба на водомер

    Почитувани корисници,

    Состојбата на Вашиот водомер со наведување на Вашите основни податоци (име и презиме и шифра) можете да ја пријавите на телефонскиот број на претпријатието 032-635-323.

    Истото може да го сторите со испраќање на електронска порака на електронските пошти: plavaja.radovis@gmail.com и vodomeri@plavaja.com.mk или со пополнување на контакт формата во делот за контакти како и со јавување преку телефон на Вашиот реонски Читач на водомери на следниве броеви:

    Реон 1: Методов Гордан 070-743-944

    Реон 2: Лазарев Вице 071-396-017

    Реон 3: Аврамов Борче 071-396-012

    Реон 4: Сандев Сенто 071-396-016

    Реон 5: Сандев Аце 071-396-014

    Реон 6: Јованов Ѓорге 071-396-015

    Реони 8 и 14: Ефремов Роберт 072-550-120

    Реони 9, 10 и 13: Ѓоргиев Бранко 071-396-013

    Реонот се наоѓа во левиот агол на сметката, додека Вашата шифра е испечатена на сметката пред Вашето корисничко име.

    СО ВНЕСУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНО НАВЕДЕНИТЕ ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ СОСТОЈБАТА НА ВОДОМЕРОТ МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРИЈАВИТЕ И СО ПОПОЛНУВАЊЕ НА КОНТАКНТ ФОРМАТА НА ЛИНКОТ:

    ПРИЈАВИ СОСТОЈБА НА ВОДОМЕР

    Барање за приклучок

    Почитувани корисници,

    На линкот подолу можете да го превземете Барањето за приклучок на водоводниот или канализациониот систем

    Превземеното барањето можете да го пополните електронски на Вашиот компјутер со избор на соодветни полиња. Во него е наведено за кој вид на барање кои документи се потребни. Пополнетото барање заедно со сите скенирани потребни документи треба да ги испратите преку електронска порака на електронските пошти plavaja.radovis@gmail.com или info@plavaja.com.mk

    После поднесувањето на барањето, истото ќе биде разгледано и во најкраток временски рок ќе бидете контактирани од службено лице од ЈП„Плаваја“ за утврдување на понатамошните постапки.

    Пријави кражба на вода

    Почитувани корисници,

    Додека некои наши корисници имаат нарушено водоснабдување, за други се поведени нотарски или извршителски акти заради неплатени сметки, крадците на вода ја користат водата бесплатно и тоа во неограничени количини!

    На линкот подолу можете потполно анонимно да ги пријавите сите сомнителни корисници, потенцијални крадци на вода кои неовластено ја користат водата без водомер и без да платат за искористените количини на вода, за разлика од Вас кои редовно добивате и плаќате сметки за секој литар потрошена вода.

    Со Вашата анонимна пријава ќе придонесете за рамноправност на сите корисници и пред се за заштеда на најголемото богатство: ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ!!!.

    ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ И ВЕ ОХРАБРУВАМЕ ДА ГО ПРИЈАВИТЕ СЕКОЈ СОМНИТЕЛЕН КОРИСНИК ПОТЕНЦИЈАЛЕН КРАДЕЦ НА ВОДА со внесување на потребните податоци за полесно да го пронајдеме (име и презиме, адреса, сомнителната локација, чешма, вентил и слично) само во полето „Оставете анонимна порака“

    После Вашата пријава Комисија од претпријатието ќе излезе на лице место и ќе ги констатира Вашите наводи, а крадецот ќе ја добие заслужената законска казна.

    АНОНИМНО ПРИЈАВЕТЕ КРАЖБА НА ВОДА НА ЛИНКОТ:

    ПРИЈАВЕТЕ КРАЖБА НА ВОДА

    Контактирајте не...

    НАВЕДЕТИ ГИ СИТЕ ВАШИ ПРАШАЊА, ИДЕИ, ЖАЛБИ, ПОПЛАКИ, ЗАБЕЛЕШКИ И ПОФАЛБИ

    Адреса

    Ул. Св.Спасо Радовишки Бр.32, 2420 Радовиш

    Телефон

    032/635-323

    КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ СО ЕЛЕКТРОНСКА ПОРАКА (email)

    Испрати порака