ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ
Почитувани сограѓани,
На секој одбележан паркинг се наоѓа информативна табла за начинот на наплата на паркингот.
Сите корисници кои сакаат да поднесат барање за месечна резервација може да дојдат во просториите на ЈП„Плаваја“ Радовиш во Одделението за паркинзи.
Исто така барања може да се поднесат и во шалтерот за наплата лоциран до Центарот за култура „Ацо Караманов“.
Барањата за резервации се поднесуваат секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот.
За сите потребни информации може да се јавите на телефон 075-253-352.
Барањето за резервација можете да го превземете од нашата веб страница на линкот подолу и истото може да го поднесете и електронски со испраќање на попoлнета скенирана копија на поштенската адреса parking@plavaja.com.mk после неговата обработка ќе бидете контактирани од одговорното лице.
ПРЕПОРАКИ ДО НАШИТЕ КОРИСНИЦИ
Почитувани корисници,
Сите Ваши потреби со службите на ЈП„Плаваја“ можете да ги извршувате преку телефон или со електронски пораки (email).
Плаќањето на Вашите сметки за комунални услуги можете да го вршите преку системот за електронска наплата овде на веб страницата во делот „ЕЛЕКТРОНСКИ УСЛУГИ“ или електронските банкарства на Вашите банки. Наплата може да се врши и на сите наплатни пунктови на претпријатието.
24/7 ДЕЖУРЕН МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН НА ПОРТИРНИЦА: 071 396 008
Вашиот повик ќе биде евидентиран и проблемот проследен до соодветното одговорно лице во претпријатието.
Отворени електронски пошти: info@plavaja.com.mk или plavaja.radovis@gmail.com
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СОРАБОТКАТА И РАЗБИРАЊЕТО!
БРЗА НАПЛАТА НА СМЕТКИ
Брзо платете ги Вашите сметки без најава.
ПРИЈАВИ СОСТОЈБА НА ВОДОМЕР
Пријавете ја сами состојбата на Вашиот водомер.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКАТА НАПЛАТА НА СМЕТКИ ПРЕКУ ВЕБ СТРАНИЦАТА НА ЈП„ПЛАВАЈА“
ИНФОРМАЦИЈА ЗА НАПЛАТА НА СМЕТКИ ПРЕКУ ВЕБ СТРАНИЦАТА НА ЈП„ПЛАВАЈА“
Почитувани корисници,
Услугата електронска наплата може да ја користите со кликнување на линкот https://euslugi.plavaja.com.mk/ каде ги внесувате Вашето корисничко име и лозинка.
Доколку сакате да започнете да ги плаќате Вашите сметки електронски со користење на корисничко име и лозинка, односно со најава, може да се регистрирате со следење на постапките во упатството објавено на нашата фејсбук страна, кое е во прилог на оваа објава.
Исто така сметките може да ги плаќате и брзо без најава само со внесување на број на сметка и емаил адреса, оваа функционалност се наоѓа во менито ЕЛЕКТРОНСКИ УСЛУГИ на врвот на оваа страница
Линк до објавата.
МИСИЈА
ЈП „Плаваја“ Радовиш има мисија да обезбеди квалитетно, навремено и континуирано извршување на доделените комунални дејности, со целосно задоволување на потребите на граѓаните на општина Радовиш.
За да ја оствари својата мисија во целост, претпријатието, односно сите вработени:
- Постојано ги следат барањата, мислењата, потребите и желбите на корисниците кои во рамките на своите надлежности се трудат сите тие барања да бидат исполнети.
- Навремено, ефикасно и квалитетно се трудат да ги завршат појавените дефекти на инсталациите од секаков вид, целосно и квалитетно ги извршуваат сите Програми усвоени од Советот на општина Радовиш и доделените комунални дејности, со цел постојано опслужување на секој регистриран корисник со потребните комунални услуги за кои корисникот има склучено Договор со претпријатието.
Историја
ЈП „Плаваја“ Радовиш е формирана со Одлука на Советот на општина Радовиш во Февруари 2008 година со спојување на дотогашните јавни претпријатија ЈП„Прогрес“ Радовиш и ЈП„Плаваја“ с.Подареш. ЈП„Прогрес“ Радовиш било основано во 1965 година, а ЈП„Плаваја„ с.Подареш било основано во 1996 година.
Основна дејност на претпријатието е да извршува комунални услуги за потребите на граѓаните на општина Радовиш.
СТРУКТУРА
Со ЈП„Плаваја“ Радовиш управува Управен Одбор кој е избран од Советот на општина Радовиш.
Претпријатието го раководи Директор кој се избира на јавен оглас од страна на Градоначалникот на општина Радовиш.
- ВД Директор на ЈП„Плаваја“ Радовиш
- Сектор за општи, правни работи и човечки ресурси
- Сектор за финансии, сметководство и комерција
- Сектор за контрола на корисници
- Сектор за инвестиции
- Сектор за водовод и канализација
- Сектор за комунална хигиена, гробишта и зеленило
- Сектор за технички работи
- Сектор за прочистување на урбани отпадни води
- Одделение за паркинг
ГОЦЕ ДЕДИНЕЦ
телефон: 017-396-001 email: info@plavaja.com.mk
Раководител: МАРИЈА ВАЛАКОВА
телефон: 071-396-020 email: info@plavaja.com.mk
Раководител: РИСТЕ ПРАНГОВСКИ
телефон: 072-314-795 email: info@plavaja.com.mk
Раководител: СТРАХИЛ ГАВРИТОВ
телефон: 071-396-003 email: info@plavaja.com.mk
Раководител: ДРАГИ МИЛЕНКОВ
телефон: 071-245-599 email: info@plavaja.com.mk
Раководител: ГОЦЕ ДЕДИНЕЦ
телефон: 071-396-001 email: info@plavaja.com.mk
Работоводител: БРАНКО ТРАЈКОВ
телефон: 071-396-024 email: info@plavaja.com.mk
Раководител: МИТЕ КОЦЕВ
телефон: 071-396-002 email: info@plavaja.com.mk
Раководител: ДРАГИ МИЛЕНКОВ
телефон: 071-245-599 email: info@plavaja.com.mk
Раководител: СТАНОЈЧЕ МИЛЕНКОВ
телефон: 077-626-006 email: info@plavaja.com.mk
Времеплов на активности
- 15.08.2024 НОВИ КОЛИЧИНИ НА ВОДА ЗА НАСЕЛБА КУКЛЕВИЦА
- 08.01.2021 УСВОЕНИ НОВИ ЦЕНИ НА ВОДНИТЕ УСЛУГИ
- 28.12.2019 СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ НОВИ КОЛИЧИНИ НА ВОДА ЗА ГРАЃАНИТЕ
- 23.09.2019 ИНФОРМАЦИЈА ДО ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА:
- 23.09.2019 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КАБАСТИОТ ОТПАД:
- 23.08.2019 ЗАПОЧНУВА СОБИРАЊЕТО НА ОТПАД ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ВО РАДОВИШ
- 08.08.2019 ЗАПОЧНУВААТ ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ
- 03.07.2019 Потпишан договорот со најповолниот понудувач по спроведена постапка за меѓународниот тендер WC-RAD-01
- 09.04.2019 ПОСТАВЕНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА СТАКЛЕН ОТПАД
- 27.03.2019 АСФАЛТИРАН ПРИСТАПНИОТ ПАТ КОН ЈП„ПЛАВАЈА
- 05.02.2019 ЈП„ПЛАВАЈА“ започнува со продажба на канти за смет
- 04.01.2019 ЈП„ПЛАВАЈА“ набави нова механизација за чистење на снег
- ЈП„Плаваја“ воведува услуга електронска сметка
- 23.11.2018 ЈП„ПЛАВАЈА“ Радовиш набави машина за машинско метење
- 21.11.2018 ЈП„ПЛАВАЈА“ Радовиш почна да ги добива новите контејнери
- 08.11.2018 ЈП„ПЛАВАЈА“ СО НОВА КОМУНАЛНА ОПРЕМА
15.08.2024 НОВИ КОЛИЧИНИ НА ВОДА ЗА НАСЕЛБА КУКЛЕВИЦА
Почитувани корисници,
Во изминатиот период се соочувавме и сеуште се соочуваме со континуиран недостиг на вода од филтер станицата „Трска“ и подземните водозафати „Амбари“ и „Градски водовод“ заради екстремно лошите хидролошки услови и падот на подземните води.
Со цел да се зачува квалитетот на водоснабдувањето на соодветно ниво, тимот на ЈП„Плаваја“ интензивно бараше алтернативно решение за овој проблем и откако се утврдија можностите, започнавме во текот на изминатите две недели и секојдневно работевме на обезбедување на нови количини на вода, на други алтернативни и одржливи начини, за да ги дополниме количините на вода кои недостасуваат поради екстремните суши.
Извршивме инспекција на стариот цевковод ПВЦ Ф150mm во должина од околу 2000m кон населбата „Куклевица“ го дезинфициравме и перевме три пати бидејќи не беше во функција 5 години.
Откако го оспособивме цевководот во текот на минатиот викенд работевме на поставување на нова пумпна станица паралелно со постоечката за населбата „Куклевица“ и Раклиш со што успеавме да обезбедиме 15-17 литри во секунда преку стариот цевковод, што ќе се овозможи континуирано полнење на резервоарот „Полигон“ и постојано водоснабдување на наведеното подрачје.
Како последица од изградбата на новата пумна станица неминовно се очекуваше да се појави недостаток на вода од бунарското поле „Воиславци“ и за да ги задоволиме потребите осопособивме два бунари (дезинфицирани и тестирани во празен 72 часа) од кои немаше потреба во изминатиот петгодишен период затоа што беа задоволени потребите за црпна вода на ПС„Куклевица“ и ПС„Индустриски водовод“.
Вградивме две нови пумпи и со автоматика (од „ладна“ резерва) со што обезбедивме потребни количини вода во собирниот резервоар за да може да работат сите инсталирани потисни пумпни агрегати.
Од денес работиме со зголемен капацитет кон резервоарот „Полигон“.
Но и покрај ова тимот во ЈП„Плаваја“ не престанува да бара нови количини на вода од други издани, за да се обезбедат потребите за вода за пиење за сите корисници, да обезбедиме континуирано водоснабдување и во вакви периоди во кои преовладува екстремно топло време и слаба хидролошка состојба.
Свесни сме дека овие зафати ќе ја зголемат потрошувачката на електрична енергија и трошоците за производството на вода за пиење по метар кубен, НО ВЕРУВАМЕ ДЕКА И ВАШАТА СВЕСТ ЌЕ ПРОРАБОТИ и дека во иднина ќе ги намалите непотребните количини на вода за разладување, наводнување на тревници, земјоделски култури и слично.
Благодариме за разбирањето и Вашата поддршка.
08.01.2021 УСВОЕНИ НОВИ ЦЕНИ НА ВОДНИТЕ УСЛУГИ.
Согласно законската регулатива и обврска која произлегува од неа за утврдување на тарифи на водните услуги кои ги дава ЈП„Плаваја“ Радовиш, по донесените Решенија на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија во кои е дефиниран опсегот за тарифата на секоја водна услуга (минимална и максимална граница), Советот на општина Радовиш на предлог на Управниот одбор на ЈП„Плаваја“ Радовиш, донесе Одлуки за прифаќање на предлозите со што ги усвои тарифите на водните услуги за периодот 2021-2023 година.
Нивната примена ќе започне со сметките за месец Јануари 2021 година чија дистрибуција ќе се одвива како и секогаш, во почетокот на месец Февруари.
Цените можете да ги видите во менито „Информации и извештаи“ кое може да го изберете на врвот од нашата веб страница.
28.12.2019 СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ НОВИ КОЛИЧИНИ НА ВОДА ЗА ГРАЃАНИТЕ
Почитувани корисници,
По донесената Одлука на Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов за спроведување на јавна набавка за "Изградба на нови водоводни линии и реконструкција на постоечки водоводни линии за кои ќе се обезбеди проектна документација – обезбедување на дополнителни количини за водоснабдување на Радовиш", денес Сабота 28 Декември 2019 година се започна со реализација на јавната набавка со која се предвидува бушење на два длабински бунари во непосредна близина на старата каптажа "Градски водовод" од кои се очекува да се добијат потребни количини на вода особоено во текот на летниот период за нормално водоснабдување на десната страна од градот и високите зони на "Ана Поцкова" и "Бел Камен", како и населените места Ињево, Воиславци и Сурдулци до објектите кои се во рамки на зоните на притисок.
23.09.2019 ИНФОРМАЦИЈА ДО ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА:
Почитувани,
Ве информираме дека дека е потребно да си набавите соодветни садови за отпад кои одговараат на Вашата дејност со што ќе се стави ред во фрлањето на отпадот во и околу контејнерите во населените места.
За отпадот од пакување (кутии и други видови на амбалажа) кој останува како отпад од Вашата дејност Ве потсетуваме дека треба да си склучите договор со овластена компанија чија дејност е собирање и транспортирање на таков вид на отпад.
23.09.2019 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КАБАСТИОТ ОТПАД:
Почитувани корисници,
Доколку имате потреба од исфрлање на кабаст отпад од Вашите домови (стар мебел, врати, стари прозорци, гранки, кутии со разни видови неоргански отпад и слично). Ве замолуваме да не го оставате околу контејнерите, бидејќи така само ја нагрдувате урбаната слика, а возилото за подигање на отпад од контејнери не може да го собере и транспортира таквиот отпад.
ЗА ТАА ЦЕЛ ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ДА СЕ ЈАВИТЕ НА СЛЕДНИТЕ ТЕЛЕФОНИ И ДА НАЈАВИТЕ ДЕКА ИМАТЕ КАБАСТ ОТПАД И ЌЕ ДОЈДЕ ПОСЕБНО ВОЗИЛО ДА ГО СОБЕРЕ ОТПАДОТ.
032-635-323 или 071-396-008.
СОБИРАЊЕТО НА ОТПАДОТ Е НАЈДОБРО ДА ГО НАЈАВИТЕ ПРЕТХОДНО ЗА ДА ДА СЕ ДОГОВОРИ ТЕРМИН И ДА СЕ ИЗБЕГНАТ ЕВЕНТУАЛНИ НЕДОРАЗБИРАЊА.
Подигањето и траспортирањето на кабастиот отпад ќе се прави во работни денови од Понеделник до Петок од 08.00 до 14.00 часот.
23.08.2019 ЗАПОЧНУВА СОБИРАЊЕТО НА ОТПАД ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ВО РАДОВИШ
Почитувани корисници,
Денес Петок 23 Август 2019 година ЈП"Плаваја" за прв пат започнува со организирано собирање на отпад надвор од подрачјето на градот Радовиш. Прво населено место каде што започнува организираното собирање на отпад е Ињево.
Апелираме до сите корисници од Ињево да ги користат поставените контејнери низ населеното место и да си набават соодветни садови за собирање на отпад.
08.08.2019 ЗАПОЧНУВААТ ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ
Почитувани,
Со задоволство Ве информираме дека денес 08 Август 2019 година започнаа подготвителните активности за еден од најголемите инфраструктурни проекти во областа на водоснабдувањето во последните дваесет години. Со проектот како што веќе знаете се планира да се изградат:
- НОВ ЦЕВКОВОД ОД РЕЗЕРВОАРОТ ВО КОЏА БАИР ДО НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА
- НОВ ЦЕВКОВОД ОД РАКЛИШ ДО НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА
- НОВ ЦЕВКОВОД ОД НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА ДО ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА
- НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА V = 600 m3
- ПОТИСЕН ЦЕВКОВОД ОД ПУМПНА СТАНИЦА „КУКЛЕВИЦА“ ДО СПОЈНА ШАХТА РАКЛИШ
- НАБАВКА И ТРАНСПОРТ, ИНАСТАЛАЦИЈА И ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА МЕРНО РЕГУЛАТОРНА ОПРЕМA
Ефектите од овие градби ќе се почуствуваат од жителите на населбата Куклевица и високите зони во сите населени места кои се напојуваат од водоводниот систем на градот Радовиш.
Почитувани корисници
Денес 03 Јули 2019 година во просториите на ЈП„Плајава“ Радовиш се потпиша договорот со најповолниот понудувач по спроведена постапка за меѓународниот тендер WC-RAD-01 финансиран со кредит од германската KfW Банка каде гарант е Советот на општина Радовиш и поддршка на Градоначалникот Герасим Конзулов. Договорот го потпишаа Директрот на ЈП„Плаваја“ Радовиш Дејан Крстев и Никола Пандев - Менаџер на „Жикол“ од Струмица. Со потпишувањето на овој Договор во текот на идната недела се очекува и официјалното започнување на работите предвидени во него:
- НОВ ЦЕВКОВОД ОД РЕЗЕРВОАРОТ ВО КОЏА БАИР ДО НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА
- НОВ ЦЕВКОВОД ОД РАКЛИШ ДО НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА
- НОВ ЦЕВКОВОД ОД НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА ДО ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА
- НОВ РЕЗЕРВОАР ВО КУКЛЕВИЦА V = 600 M3
- ПОТИСЕН ЦЕВКОВОД ОД ПУМПНА СТАНИЦА „КУКЛЕВИЦА“ ДО СПОЈНА ШАХТА РАКЛИШ
- НАБАВКА И ТРАНСПОРТ, ИНАСТАЛАЦИЈА И ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА МЕРНО РЕГУЛАТОРНА ОПРЕМA
Со завршување на овие градежни работи ќе се стави крај на недостатоците на вода особено во високата зона на левата страна од градот Радовиш и нормализација на водоснабдувањето во целиот водоснабдителен систем кој покрај Радовиш ги снабдува со вода и Ињево, Воиславци, Сулдурци и Раклиш.
09.04.2019 ПОСТАВЕНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА СТАКЛЕН ОТПАД
Почитувани корисници, ЈП„Плаваја“ Радовиш во соработка со Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов и Советот на општина Радовиш како дел од кампањата за здрава и чиста животна средина, од компанијата „ПАКОМАК“ обезбедија донација на специјални контејнери за селекција на стаклен отпад. Од денес ќе можете и Вие како корисници да земете активно учесто во зачувувањето на животната средина и унапредување на урбаниот изглед на градот со тоа што ќе го селектрирате стаклениот отпад и ќе го депонирате во специјалните контејнери. За почеток се поставени 5 специјални контејнери за примарна селекција на стаклен отпад. Контејнерите се поставени на следните локации: 1. Пред „Стоковна куќа“ 2. Кај „Парк на младите“ 3. На улица „Плачковица“ во непосредна близина на маркетот на “Маком Треф“ 4. Кај детската градинка „Цветови“ (кружен тек на улиците „Александар Македонски“ и “Илија Алексов“) и 5. Спроти „Кам маркет“.
ВЕ ПОВИКУВАМЕ ДА ДАДЕТЕ СВОЈ ПРИДОНЕС СО СЕЛЕКЦИЈА НА СТАКЛЕНИОТ ОТПАД И НЕГОВО ДЕПОНИРАЊЕ ВО СПЕЦИЈАЛНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ.
27.03.2019 АСФАЛТИРАН ПРИСТАПНИОТ ПАТ КОН ЈП„ПЛАВАЈА“.
Како дел од пролетната акција за асфалтирање која се спроведува од страна на општина Радовиш, на предлог на Градоначалникот Герасим Конзулов после повеќе од дваесетина години се асфалтираше и пристпниот пат до стопанскиот двор и управната зграда на ЈП„Плаваја’“ Радовиш со што се целиот простор добива современ урбан изглед.
05.02.2019 ЈП„ПЛАВАЈА“ започнува со продажба на канти за смет
Почитувани корисници,
Како придонес за поурбан изглед на нашиот град, а воедно и како мерка за заштита на животната средина ЈП„Плаваја“ Радовиш со поддршка од Градоначалникот и Советот на општина Радовиш започнува со продажба на пластични катни за смет (со капацитет од 120литри, со капак и тркалца) по цена од 1000 денари со ДДВ кои ќе можат да се платат преку сметката за комунални услуги на 6(шест) месечни рати. Кантите за смет се продаваат по поднесување на барање на шалтерот во управната зграда на ЈП„Плаваја“ на улица „Св.Спасо Радовишки“ бр:32. Оваа поволност може да ја искористат само корисниците физички лица кои имаат најмногу 6(шест) неплатени сметки назад од тековниот месец кога се поднесува барањето.
За сите корисници физички лица кои ќе склучат договор за селектрирање на отпадот ЈП„Плаваја“ нуди поволност плус, односно можат да купат 2(две) канти за смет по цена од 1800 денари со ДДВ поделени во месечните сметки на 12 рати. Исто така и оваа поволност може да ја искористат корисниците физички лица кои имаат најмногу 6(шест) неплатени сметки назад од тековниот месец кога се поднесува барањето и се склучува договорот.
За корисниците правни лица кои сакаат да набават канта за смет постои обврска за набавка на две канти (една за комунален цврст отпад и една за селектиран отпад) по цена од 1800 денари со ДДВ кои ќе се плаќаат со издавање на фактура.
Правните лица имаат можност да набават и контејнери со волумен од 1,1м3 по цена од 12500 денари до ДДВ кои ќе се плаќаат исто така со издавање на фактура.
Оваа поволност ќе важи до потрошување на количините набавени преку јавна набавка бр:0507-717/4 од 11.09.2018 година. ЈП„Плаваја“ водејќи се од бројот на заинтересирани корисници физички лица кои ќе склучат договор за селектирање на отпадот дополнително ќе состави и објави распоред кога ќе се врши собирање на секој вид на отпад.
На линкот подолу може да ја прочитате Одлуката на Управниот одбор.
Одлука на Управен одбор на ЈП„Плаваја“ за распределба на канти за смет и метални контејнери на правни и физички лица
04.01.2019 ЈП„ПЛАВАЈА“ набави нова механизација за чистење на снег
Почитувани жители на општина Радовиш,
Со првиот снег стигна и новата механизација за чистење на улиците и локалните патишта од снежни наноси и посипување на сол и ризла за спречување на поледици.
Набавката на ваква нова механизација за потребите на претпријатието се случува за прв пат од основањето на претпријатието и е извршена со сопствени средства на претпријатето преку јавна набавка.
Механизацијата пристигна во попладневните часови и веќе е на терен низ улиците на градот каде ефектите од нејзината примена се евидентни. ЈП„Плаваја“ ќе продолжи како и до сега посветено да работи на унапредување на сите комунални услуги на општинско ниво за кои е формирана како јавно претпријатие.
ЈП„Плаваја“ воведува услуга електронска сметка
Почитувани корисници,
Започнувајќи од сметките за месец 12/2018 година ЈП„Плаваја“ како мерка за заштита на животната средина ќе започне со дистрибуција на Вашите сметки и по електронска пошта (email).
За таа цел потребно е да се пријавите со пополнување на контакт формата дадена во линкот подолу во која треба да ги внесете Вашите основни податоци, а во делот насловен порака да ја внесете електронската пошта (email) на која сакате да ги добивате сметките и Вашата шифра на корисник.
Сите што ќе се пријават за електронска сметка, нема да добиваат сметка во хартија. Можноста да добиете сметка во хартиена форма за сите регистрирани корисници за електронска сметка ќе постои само со барање во просториите на претпријатието на улица „Свети Спасо Радовишки“ бр:32.
23.11.2018 ЈП„ПЛАВАЈА“ Радовиш набави машина за машинско метење
Почитувани граѓани,
За зголемување на хигиената низ нашите улици ЈП"Плаваја" со донација од општина Радовиш набави нова современа машина за машинско метење на урбаните површини. Денес се вршеше пробна употреба и обука за сите функционалности на машината. Со машинското метење очекуваме дека ќе се зголеми ефикасноста при метењето и опфатените површини кои ќе се метат, со што градот ќе добие почисти улици и поубав хигено урбан изглед. Веќе од Понеделник машината за машинско метење ќе ја започне својата редовна работа на задоволство на сите граѓани на Радовиш.
21.11.2018 ЈП„ПЛАВАЈА“ Радовиш почна да ги добива новите контејнери
Почитувани граѓани,
Како што претходно Директорот на ЈП„Плаваја“ Дејан Крстев ги информираше медиумите и граѓаните дека претпријатието со сопствени средства, после многу години неактивност во комуналната хигиена, изврши набавка и на нова комунална опрема: 10 пластични, 80 метални контејнери и 1000 канти за отпад со волумен од 120 литри со што значително ќе се подобри хигиената во градот и населените места. Денес со големо задоволство Ве информираме дека почнаа да пристигнуваат првите контејнери. Во следниот период се очекува да пристигнат сите нарачани контејнери кои ќе бидат распоредени на повеќе локации во градот. Во претстојниот период во договор со Градоначалникот на општината Герасим Конзулов и во координација со месните заедници претпријатието планира да распореди контејнери и во населените места со што ќе се заштити животната средина од неконтролирано фрлање на ѓубре на диви депонии. Се надеваме дека со нашите планови ќе придонесеме за подигање на свеста кај сите граѓани во нашата општина да ја чуваме животната средина, бидејќи здравата и чиста животна среднина во нашата општина е инвестиција за идните генерации.
08.11.2018 ЈП„ПЛАВАЈА“ СО НОВА КОМУНАЛНА ОПРЕМА
Почитувани корисници,
Денес од страна на Градоначалникот на општина Радовиш се изврши свечено примопредавање на нова градежна машина - универзален ровокопач утоварувач, набавена на предлог на Градоначалникот Герасим Конзулов, а со поддршка од Советот на општина Радовиш. Градоначалникот ја најави и донацијата од општината за ЈП„Плаваја“ на ново специјално возило за чистење на улиците и тротоарите. За време на чинот на примопредавање беше претставено и специјалното комунално возило за собирање на смет донација од рудникот „Бучим“ за ЈП„Плаваја“. Директорот на ЈП„Плаваја“ Дејан Крстев во оваа пригода го претстави новото погребално возило кое претпријатието го набави од сопствени средства, со набавката на ова возило завршува употребата на погребалното возило марка „Волга“ кое беше во функција до сега, а произведено во далечната 1977 година. Директорот на ЈП„Плаваја“ Дејан Крстев ги информираше медиумите дека претпријатието исто така од сопствени средства, после многу години неактивност на претпријатието во комуналната хигиена, изврши набавка и на нова комунална опрема: 10 пластични, 80 метални контејнери и 1000 канти за отпад со волумен од 120 литри со што значително ќе се подобри хигиената во градот и населените места. Денес од Директорот беше најавено дека во следниот период ЈП„Плаваја“ ќе започне со кампања и проект за селектирање на отпад за што се обезбедени и посебни канти за таа намена.
Дејности
ВОДОВОД, КАНАЛИЗАЦИЈА И ПРОЧИСТУВАЊЕ НА УРБАНИ ОТПАДНИ ВОДИ
КОМУНАЛНА ХИГИЕНА
ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО
Информации и извештаи
Одлука за информации од јавен карактер
линк за преземањеПравилник за систематизација на ЈП„Плаваја“
линк за преземањеОрганограм на ЈП„Плаваја“
линк за преземањеИзмени и согласности за правилникот за систематизација на ЈП„Плаваја“
линк за преземањеИзмени на правилникот за систематизација на ЈП„Плаваја“
линк за преземањеЦеновник на цени на услугите на ЈП„Плаваја“
линк за преземањеФинансов извештај за 2018 година
линк за преземањеЗавршна сметка за 2018 година
линк за преземањеПЛАН ЗА ПОДИГАЊЕ НА СМЕТ И ЧИСТЕЊЕ НА УЛИЦИ
линк за преземањеДОГОВОР ЗА НИВО НА УСЛУГИ
линк за преземањеОРГАНОГРАМ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО
линк за преземањеОДЛУКА ЗА ВИСИНА НА ЦЕНИ НА УСЛУГИТЕ за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад на подрачјето на општина Радовиш
линк за преземањеГодишен извештај за пристап до информации до јавен карактер за 2019 година
линк за преземањеФинансов извештај за 2019 година
линк за преземањеЗавршна сметка за 2019 година
линк за преземањеОдлука за отпис на затезна и казнена камата и репрограмирање на долгови
линк за преземањеОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 2020161220
линк за преземањеПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА ОГЛАС 2020161220
линк за преземањеЦЕНИ НА ВОДНИТЕ УСЛУГИ 2021-2023 ГОДИНА
линк за преземањеИзвештај за работата на ЈП„Плаваја“ за период Јануари-Јуни 2020 година
линк за преземањеИзвештај за работата на ЈП„Плаваја“ за 2020 година
линк за преземањеПрограма за работа на ЈП„Плаваја“ за 2021 година со финансиски план
линк за преземањеПрограма за управување со отпад на територијата на општина Радовиш за 2021 година
линк за преземањеПрограма за управување и одржување на гробишта за 2021 година
линк за преземањеПрограма за паркови и зеленило за 2021 година
линк за преземањеПрограма за јавна чистота за 2021 година
линк за преземањеЗавршна сметка за 2020 година
линк за преземањеФинансов извештај за 2020 година
линк за преземањеОДЛУКА И ПРОЦЕДУРА ЗА УКАЖУВАЧИ
линк за преземањеРЕШЕНИЕ ЗА ЛИЦЕ ЗА ПРИЕМ НА ПРИЈАВИ ОД УКАЖУВАЧИ
линк за преземањеОДЛУКА ЗА ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
линк за преземањеПлан за заштита од корупција
линк за преземањеРевизорски извештај за 2020 година
линк за преземањеЗавршна сметка за 2021 година
линк за преземањеФинансов извештај за 2021 година
линк за преземањеИзвештај за работата за 2021 година
линк за преземањеИзвештај за реализирана програма паркови и зеленило 2021 година
линк за преземањеИзвештај за реализирана програма за јавна чистота 2021 година
линк за преземањеИзвештај за реализирана програма за гробишта-2021
линк за преземањеИзвештај за водоснабдување 2021
линк за преземањеПрограма за Гробишта 2022 година
линк за преземањеПрограма за Јавна чистота 2022 година
линк за преземањеПрограма за Паркови и заленило за 2022 година
линк за преземањеПрограма за Работа за 2022 година
линк за преземањеПрограма за управување со отпад 2022 година
линк за преземањеРевизорски и извештај 2021 година
линк за преземањеЦЕНОВНИК ЗА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ
линк за преземањеФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ I КВАРТАЛ 2022
линк за преземањеФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ II КВАРТАЛ 2022
линк за преземањеПОЛУГОДИШЕН ФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ ЗА 2022 ГОДИНА
линк за преземањеПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА ВО 2022 ГОДИНА
линк за преземањеФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ III КВАРТАЛ 2022
линк за преземањеЗАКОН ЗА ГРОБИШТА И ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ
линк за преземањеФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ ЗА 2022 ГОДИНА
линк за преземањеЗАВРШНА СМЕТКА 2022 ГОДИНА
линк за преземањеИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА 2022 ГОДИНА
линк за преземањеИЗВЕШТАЈ ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА ЗА 2022 ГОДИНА
линк за преземањеИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО ЗА 2022 ГОДИНА
линк за преземањеИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО ЗА 2022 ГОДИНА
линк за преземањеРЕВИЗИЈА ЗА 2022 ГОДИНА
линк за преземањеФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ ПРВ КВАРТАЛ 2023 ГОДИНА
линк за преземањеФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ ВТОР КВАРТАЛ 2023 ГОДИНА
линк за преземањеПОЛУГОДИШЕН ФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ 2023 ГОДИНА
линк за преземањеПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА 2023 ГОДИНА
линк за преземањеПРОГРАМА ЗА ОТПАД ЗА 2023 ГОДИНА
линк за преземањеНАДОМЕСТОК ЗА ПРОМЕНА НА СТАТУС НА КОРИСНИК
линк за преземањеПРАВИЛНИК ЗА СОЛИДАРЕН ФОНД
линк за преземањеФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ ТРЕТ КВАРТАЛ 2023
линк за преземањеПРОГРАМА ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА 2024
линк за преземањеПРОГРАМА ЗА ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО 2024
линк за преземањеПРОГРАМА ЗА РАБОТА 2024
линк за преземањеПРОГРАМА ЗА ГРОБИШТА 2024
линк за преземањеПРОГРАМА ЗА ОТПАД 2024
линк за преземањеФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ 2023
линк за преземањеИЗВЕШТАЈ ОД НАДЗОРЕН ОДБОР 2023
линк за преземањеЗАВРШНА СМЕТКА 2023
линк за преземањеРЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА 2023
линк за преземањеГодишен извештај сектор водовод и канализација 2023
линк за преземањеИзвештај за програма за гробишта 2023
линк за преземањеИЗВЕШТАЈ за Јавна Чистота 2023
линк за преземањеЈП Извештај за работа за 2023 година
линк за преземањеЈП ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО 2023
линк за преземањеРЕГУЛАТОРНИ ТАРИФИ ЗА ВОДНИ УСЛУГИ 2024-2026 ГОДИНА
линк за преземањеОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 0401-565/4
линк за преземањеПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА ОГЛАС 0401-565/4
линк за преземањеПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА 2024 ГОДИНА СО ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ
линк за преземањеФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ II КВАРТАЛ 2024 ГОДИНА
линк за преземањеЦЕНОВНИК НА ЦЕНИ НА УСЛУГИ 2024 ГОДИНА
линк за преземањеОДЛУКА ЗА ИЗМЕНА НА ОДЛУКА ЗА ЦЕНИ ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА 2024
линк за преземањеЈАВНИ НАБАВКИ
-
ОБЈАВЕНИ ОГЛАСИ ОД ЈП„ПЛАВАЈА“ РАДОВИШ -
СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ ПОМЕЃУ ЈП„ПЛАВАЈА“ РАДОВИШ И ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ -
РЕАЛИЗИРАНИ ДОГОВОРИ ПОМЕЃУ ЈП„ПЛАВАЈА“ РАДОВИШ И ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ -
ПЛАН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ НА ЈП„ПЛАВАЈА“ РАДОВИШ
НАПОМЕНА: Податоците кои се прикажуваат преку линковите до ЕСЈН се освежуваат еднаш дневно.
Проекти и активности
Тарифи на водни услуги
КОНТАКТИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ЧИТАЧ НА ВОДОМЕРИ
Почитувани корисници,
Контактирајте со јавување преку телефон со Вашиот реонски Читач на водомери на следниве броеви:
Реон 1: Методов Гордан 070-743-944
Реон 2: Лазарев Вице 071-396-017
Реон 3: Аврамов Борче 071-396-012
Реон 4: Сандев Сенто 071-396-016
Реон 5: Сандев Аце 071-396-014
Реон 6: Јованов Ѓорге 071-396-015
Реони 8 и 14: Ефремов Роберт 072-550-120
Реони 9, 10, 13 и 16: Атанасов Димитарче 071-396-013
Реонот се наоѓа во левиот агол на сметката.
Барање за приклучок
Почитувани корисници,
На линкот подолу можете да го превземете Барањето за приклучок на водоводниот или канализациониот систем
Превземеното барањето можете да го пополните електронски на Вашиот компјутер со избор на соодветни полиња. Во него е наведено за кој вид на барање кои документи се потребни. Пополнетото барање заедно со сите скенирани потребни документи треба да ги испратите преку електронска порака на електронските пошти plavaja.radovis@gmail.com или info@plavaja.com.mk
После поднесувањето на барањето, истото ќе биде разгледано и во најкраток временски рок ќе бидете контактирани од службено лице од ЈП„Плаваја“ за утврдување на понатамошните постапки.
Пријави кражба на вода
Почитувани корисници,
Додека некои наши корисници имаат нарушено водоснабдување, за други се поведени нотарски или извршителски акти заради неплатени сметки, крадците на вода ја користат водата бесплатно и тоа во неограничени количини!
На линкот подолу можете потполно анонимно да ги пријавите сите сомнителни корисници, потенцијални крадци на вода кои неовластено ја користат водата без водомер и без да платат за искористените количини на вода, за разлика од Вас кои редовно добивате и плаќате сметки за секој литар потрошена вода.
Со Вашата анонимна пријава ќе придонесете за рамноправност на сите корисници и пред се за заштеда на најголемото богатство: ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ!!!.
ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ И ВЕ ОХРАБРУВАМЕ ДА ГО ПРИЈАВИТЕ СЕКОЈ СОМНИТЕЛЕН КОРИСНИК ПОТЕНЦИЈАЛЕН КРАДЕЦ НА ВОДА со внесување на потребните податоци за полесно да го пронајдеме (име и презиме, адреса, сомнителната локација, чешма, вентил и слично) само во полето „Оставете анонимна порака“
После Вашата пријава Комисија од претпријатието ќе излезе на лице место и ќе ги констатира Вашите наводи, а крадецот ќе ја добие заслужената законска казна.
Контактирајте не...
НАВЕДЕТИ ГИ СИТЕ ВАШИ ПРАШАЊА, ИДЕИ, ЖАЛБИ, ПОПЛАКИ, ЗАБЕЛЕШКИ И ПОФАЛБИ